Фото: Твитер/РК Барселона

Барселона стана првиот клуб што успеа да го одбрани трофејот во ракометната Лига на шампионите откако завршниот турнир се игра во Келн, совладувајќи го Кјелце со 37-35 по изведување на пенали во возбудливото финале.

За Каталонците ова е 11-ти трофеј во ЛШ во клупската историја.

Резултатот беше 28-28 по 60 минути игра, а по продолженијата 32-32. Поранешниот ракометар на Вардар Алекс Душебаев единствен промаши пенал во третата серија, кога неговиот шут го одбрани Гонзало Перез де Варгас.

И мечот за третото место беше одлучен по изведување на пенали, при што Кил беше поуспешен од Веспрем со вкупен резултат од 37-35.