Раул Гонзалез (Македонија)

Пет репрезентации, Шпанија, Аргентина, Катар, Чиле и Македонија, ќе бидат предводени од шпански селектор, додека, пак, четири од Исланѓанец

Шпански и исландски ракометни стратези ќе доминираат меѓу селекторите на претстојното Светско првенство (СП) во ракомет, кое ќе се игра во Германија и Данска од 10 до 27 јануари идната година.
Пет репрезентации, Шпанија, Аргентина, Катар, Чиле и Македонија, ќе бидат предводени од шпански селектор, додека, пак, националните селекции на Исланд, Австрија, Бахреин и Јапонија од клупата ќе ги предводи Исланѓанец. Слично беше и на претходното СП во Франција, со таа разлика што тогаш беа тројца Шпанци, тројца Исланѓани и тројца Хрвати.

Матео Галарда (Чиле)

Шпанската ракометна школа на 26-то СП ќе ја демонстрираат Раул Гонзалез (Македонија), Жорди Рибера (Шпанија), Маноло Каденас (Аргентина), Валеро Ривера (Катар) и Матео Галарда (Чиле), додека, пак, исландско-скандинавската ракометна филозофија ќе ја застапуваат Гудмундур Гудмундсон (Исланд), Петеркур Јохансон (Австрија), Арон Кристијансон (Јапонија) и Дагур Сигурдсон (Бахреин).

Маноло Каденас (Аргентина)

Во споредба со претходното СП во Франција, 21 селекција-учесничка повторно се квалификуваа за овој континентален шампионат, а мундијалска пауза ќе имаат селекциите на Словенија, Полска и Белорусија, чие место ќе го заземат репрезентациите на Србија, Кореја и Австрија.

Жорди Рибера (Шпанија)

Дури 11 селекции, вклучувајќи ја тука и Македонија, ги променија своите селектори во споредба со претходното СП, а 10 национални тима ги задржаа истите стратези. Селекторски промени беа извршени кај Германија, Данска, Саудиска Арабија, Тунис, Унгарија, Хрватска, Исланд, Аргентина, Бахреин, Јапонија и Македонија, која на претходното СП ја предводеше Хрватот Лино Червар. 

Валеро Ривера (Катар)