Хрватските ракометари претрпеа тежок пораз од Данска со 26-38 и не успеаја да се пласираат во четврт-финалето на Светското првенство во Египет.

Откако Катар им направи „услуга“ на Хрватите и ги победи Аргентинците (26-25), на избраниците на Лино Червар им беше потребна победа над Данска, која во пресрет на мечот го обезбеди првото место во групата. Згора, повеќе дански ракометари се жалеа на стомачен вирус.

Данците го добија првото полувреме со 17-15, додека во второто полувреме имаа предност и од 14 гола.

Емил Јакобсен постигна осум гола за Данска, а Јакоб Холм шест, додека кај Хрватска Марино Мариќ забележа шест погодоци, а Игор Карачиќ пет.

Двојки, четврт-финале

Данска – Египет
Шведска – Катар
Шпанија – Норвешка
Франција – Унгарија

Четвртфиналните мечеви се играат в среда

Денешни резултати

Група 1
Бразил – Уругвај 37-17
Шпанија – Унгарија 36-28
Полска – Германија 23-23
Табела: Шпанија 9, Унгарија 7, Германија 5, Полска 5, Бразил 3, Уругвај 0

Група 2
Бахреин – Јапонија 25-29
Аргентина – Катар 25-26
Данска – Хрватска 38-26
Табела: Данска 10, Катар 6, Аргентина 6, Хрватска 5, Јапонија, Бахреин 0