Репрезентацијата на Хрватска го совлада Исланд со 31-27 (16-14) во натпревар од групата „Б“ во која се наоѓа и репрезентацијата на Македонија.

Двете репрезентации одиграа изедначен натпревар, а клучна за победата на тимот на Лино Червар беше серијата од 6-0 во последните десетина минута, кога на семафорот стоеше 31-25 во корист на „коцкестите“. Исланѓаните успеаја да вратат два гола, но тоа беше се што успеаја да направат до крајот и со тоа го запишаа првиот пораз на Мундијалот.

Степанчиќ постигна 8, додека Циндриќ реализираше 6 голови за победниците, додека Палмарсон со 7 голови беше најефикасен кај Исланд.

Хрватска во второто коло ќе излезе против Јапонија, додека Исланд во недела за ривал ќе го има фаворитот Шпанија.