Ракометарите на Франција и на Шведска изборија пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Египет, со убедливи победи во последното коло од втората фаза.

Французите славеа против Португалија со 32-23 за прво место во групата 3 пред Норвешка, а Шведска ја совлада Русија со 34-20 за да го освои првото место во групата 4, пред домаќинот Египет.

Швеѓаните во четврт-финалето ќе се сретнат со второпласираниот од групата 2, каде што во игра уште се Данска, Аргентина и Хрватска, додека Французите ќе играат со второпласираниот во групата 1, Унгарија или Шпанија.

Светско првенство, втора фаза

Група 3
Алжир – Швајцарија 24-27
Исланд – Норвешка 33-35
Португалија – Франција 23-32
Табела: Франција 10, Норвешка 8, Португалија 6, Швајцарија 4, Исланд 2, Алжир 0

Група 4
Македонија – Белорусија 26-30
Словенија – Египет 25-25
Русија – Шведска 20-34
Табела: Шведска 8, Египет 7, Словенија 6, Русија 5, Белорусија 4, Македонија 0

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе играат во четврт-финалето