Ракометарите на Данска го слават пласманот во полуфиналето

Ракометарите на Данска, Франција, Шведска и на Шпанија ќе се борат за медали на Светското првенство во Египет. 

Актуелниот бранител на трофејот Данска го совлада домаќинот Египет по подобро изведување седмерци со 39-38 во највозбудливиот меч, додека Франција беше подобра од Унгарија по продолженија со 35-32.

Шпанија го доби дербито со Норвешка 31-26, а Шведска беше убедлива против Катар со 35-23.

Данска ќе игра против Шпанија, а Франција против Шведска во полуфиналните дуели в петок.

Четвртфинални резултати

Данска – Египет 39-38 (по изведување седмерци)
Франција – Унгарија 35-32 (по продолженија)
Шпанија – Норвешка 31-26
Шведска – Катар 35-23

Полуфинале

Данска – Шпанија
Франција – Шведска