Три европ­ски еки­пи и ед­на од Јуж­на Аме­ри­ка игра­ат за плас­ман во го­ле­мо­то фи­на­ле на 14-то из­да­ние на тур­ни­рот Су­перг­ло­уб (со учес­тво на 10 еки­пи), кое го­ди­на­ва се игра во Са­у­ди­ска Ара­би­ја и кое се сме­та за не­о­фи­ци­јал­но Свет­ско клуп­ско пр­венс­тво во рако­мет.

Во по­лу­фи­на­ле­то се по­бед­ни­кот на пр­во­то из­да­ние на Ли­га­та на Евро­па, гер­ман­ски Магде­бург, европ­ски­от ви­це­пр­вак Ал­борг од Дан­ска, европ­ски­от шам­пи­он Бар­се­ло­на од Шпа­ни­ја и јуж­но­а­ме­ри­кан­ски­от пр­вак Пи­ње­и­рос од Бра­зил, кој го обез­бе­ди сво­јот најдо­бар ре­зул­тат до­се­га во ова нат­пре­ва­ру­ва­ње, над­ми­ну­вај­ќи го пет­то­то ме­сто на две­те прет­ход­ни учес­тва, во 2011 и во 2017 го­ди­на. По­лу­фи­нал­ни­те двој­ки се Барселона – Пи­ње­и­рос и Маг­де­бург – Ал­борг. Фи­на­ле­то е за­ка­жа­но за во сабота.

Ова клуп­ско нат­пре­ва­ру­ва­ње, кое е под ка­па­та на Ин­тер­на­ци­о­нал­на­та ра­ко­мет­на федера­ци­ја (ИХФ), се одр­жу­ва од 1997 го­ди­на. Нај­тро­феј­на еки­па е акту­ел­ни­от европски пр­вак, Бар­се­ло­на, ко­ја до­се­га пет па­ти три­ум­фи­ра на Су­перг­ло­уб, а од 2017 го­ди­на три­па­ти во ни­за (ми­на­та­та го­ди­на по­ра­ди ко­вид-19 не се одр­жа). Г.И.