Ракометарките на Куманово ја совладаа Гевгелија со 36-17 (19-12) на денешното гостување во осмото коло од Суперлигата, со што ја забележаа седмата последователна победа сезонава.

Најефикасна кај Куманово беше младата репрезентативка Јована Кипријановска со осум гола, а Мила Трајковска, Ангела Јанкуловска, Леонида Гичевска и Бранкица Марковиќ забележаа по четири погодоци, додека кај Гевгелија се истакна Јасмина Попова со осум гола, а Магдалена Мандалова, Михаела Митровска, Бети Петковска и Драгица Митрова погодија по двапати.

Куманово и ЖРК Металург засега остануваат најсериозни кандидати за освојувањето на шампионската титула. Во наредното коло ЖРК Куманово го пречекува ЖРК Вардар во првенственото дерби. Т.Д.