Пикерот на македонската ракометна репрезентација Стојанче Стоилов смета дека денешниот пораз од Чешка (25-27) не става крај на надежите за пласман во следната фаза на Европското првенство.

– Имаме уште еден натпревар кој треба да го добиеме. Имаме шанси. Ништо не е загубено. Денеска ние промашивме, тие дадоа и тоа е тоа.  Треба да извлечеме поука, да даваме голови кога имаме шанси – истакна Стоилов по мечот со Чешка, на кој постигна еден гол.

Македонија има победа и пораз по првите два меча во групата Б, додека во третиот дуел ќе се сретне со домаќинот Австрија, во вторник.