Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометарите на Металург загубија од романска Стеауа со 28-29, во неизвесниот меч од осмото коло на Регионалната лига (РЛ), одигран попладнево во СЦ „Борис Трајковски“.

Составот на тренерот Данило Брестовац имаше водство од 15-13 на полувреме, но романската екипа направи пресврт во вториот дел.

Александар Шпенде беше најефикасен кај македонскиот вицепрвак со шест погодоци, исто колку што постигна и Габриел Флореа за гостинскиот состав. Противничкиот голман Тудор Станеску, пак, забележа импресивни 19 одбрани.

Металург пропушти прилика да оствари трета победа едноподруго во сите конкуренции, откако во пресрет на овој дуел славеше против Чеховски медведи (25-24) во Лигата на шампионите и против Татран Прешов (30-28) во РЛ.