Со четвртата победа во низа, овој пат над селекцијата на Бугарија, со 24-17, кадетската репрезентација на Србија е победник на вториот меѓународен ракометен турнир што во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се игра во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Кадетите на Србија, предводени од ракометарите на Металург, браќата Стефан и Лазар Додиќ, како и голманот Предраг Мијатовиќ, претходно славеа победи и над А-селекцијата на Македонија (28-25), БиХ (31-27) и над Б-селекцијата на Македонија (31-24).

Со одлична игра во второто полувреме Б-селекцијата на Македонија ја анулира негативата во дуелот со БиХ и ја забележа втората победа на турнирот, со 29-28. Во последниот дуел од 3. коло, А-селекцијата на Македонија синоќа за противник ги имаше врсниците од БиХ, а денеска во 10 часот ќе се одигра дуелот меѓу двете македонски селекции, со кој ќе се одреди освојувачот на втората позиција на турнирот.


ТАБЕЛА
Србија 4 4 0 0 8
Македонија (Б) 3 2 0 1 4
БиХ 3 1 0 2 2
Македонија (А) 2 1 0 1 2
Бугарија 4 0 0 4 0