Ракометарите на Бразил беа подобри од репрезентацијата на Русија со резултат 25:23 на четвртиот натпревар од групата А на Светското првенство во ракомет (СП) во Германија и Данска. Со оваа победа, бразилците остануваат во игра за третото место во групата и пласман во втората фаза од СП.

Денес на репертоарот во групата А се и натпреварите на Србија и Кореа од 18 часот, а дербито на групата е закажано за 20:30 часот, кога за врвот ќе се сретнат Германија и Франција.

Денес на СП се одигра и натпреварот меѓу Тунис и Саудиска Арабија кој заврши со резултат 24:20 за тунижаните. Во групата Ц се наоѓаат и репрезентациите на Норвешка и Чиле, кои ќе се сретнат во 18:30 часот, а денот на СП го завршуваат репрезентативците на Австрија и Данска, кои од 20:45 ќе ги одмерат силите во Хернинг.