Во пресрет на осминафиналната нокаут-фаза во Лигата на шампионите (ЛШ), експертите и новинарите на Европската ракометна федерација (ЕХФ), слично како и пред почетокот на сезонава, сметаат дека Вардар нема да игра на завршниот турнир во Келн. На своето последно рангирање, луѓето од ЕХФ македонскиот ракометен првак Вардар го сместија на шестата позиција на листата, што во превод би значело да го победи Загреб во осминафиналето, но да загуби во четврт-финалето.

Главен фаворит во очите на ЕХФ за освојување на титулата европски првак е францускиот ѕвезден тим ПСЖ. На завршниот турнир во Келн од ЕХФ ги гледаат и шпанскиот гигант Барселона и унгарските тимови Сегед и Веспрем. Петти на листата е германскиот првак Фленсбург, а зад Вардар се наоѓаат Киелце, Нант, Левен и Спортинг.