Ве­ру­вам де­ка овие нат­пре­ва­ри и ова искус­тво ќе би­дат од огром­но зна­че­ње за на­ши­те мла­ди ра­ко­ме­та­ри во нив­ни­от по­на­та­мо­шен раз­вој и на­пре­док, из­ја­ви тре­не­рот на Ме­та­лург, Оли­вер Ди­ми­три­о­ски, пред денешниот (18.45 ч.) нов меч на гости со Висла, кој е единс­тве­ни­от тим ме­ѓу 24 учес­ни­ци во Ли­га­та на Евро­па што има ма­кси­ма­лен ефект од шест по­бе­ди по шест оди­гра­ни ме­ча

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ЕВРОПА

Десеткуваниот тим на Металург денеска (18.45 ч.) го очекува уште еден тежок натпревар против полскиот вицепрвак Висла Плок, во рамките на новоформираното натпреварување Лига на Европа (ЛЕ) во ракомет, откако во првиот меч доживеа пораз од 19-38 (9-16). И двата меча Металург ги игра на гостински терен.
– Со 11 ракометари од кои повеќето младинци и кадети тешко е да се одигра добар натпревар на европска сцена. Се обидуваме да играме, да се бориме, но навистина е тешко да се игра без ротација и без искусните ракометари. За денешниот меч останавме и без дефанзивецот Велко Марковски, но ќе го имаме Василие Калуѓеровиќ како помош во бековската линија. Верувам дека овие натпревари и ова искуство ќе бидат од огромно значење за нашите млади ракометари во нивниот понатамошен развој и напредок – изјави тренерот на Металург Оливер Димитриоски.

Најефикасни во составот на Металург беа десниот бек Мартин Серафимов и левото крило Милан Поповиќ со по пет гола, три постигна пикерот Андреј Митиќ, по двапати на листата стрелци се запишаа младото крило Александар Петковски и бекот Момир Рниќ и по еден погодок реализираа Стефан Додиќ и Дарио Кофиловски. Покрај Даниел Дупјачанец, кој забележа осум успешни интервенции, шанса на голот доби и 16-годишниот голман Давид Брестовац.
Полскиот вицепрвак Висла Плок е единствениот тим меѓу 24 учесници во Лигата на Европа што има максимален ефект од шест победи по шест одиграни меча. Без пораз, но со по едно реми се германските претставници Фуксе Берлин (група Б) и Левен (група Д). Пласман во следната осминафинална фаза обезбедуваат четирите најдобропласирани од секоја група.


ГРУПА А

Металург – Висла 19-38
Висла – Металург 18.45 ч.
Чеховски М. – Фиверс 18.45 ч.

ТАБЕЛА
Висла 6 6 0 0 12
Адемар Леон 6 3 3 0 9
Чеховски М. 4 2 0 2 4
Тулуз 6 1 2 3 4
Фиверс 7 1 2 4 4
Металург 5 0 1 4 1