Македонската ракометна репрезентација со две победи над Црна Гора ја заврши втората фаза од подготовките на Маврово и утре продолжува во Скопје каде ќе тренираат до почетокот на ЕХФ Шампионатот.

ЕП од 20 до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија се наоѓа во групата Б со селекциите на Украина, Швајцарија, Велика Британија и Италија.

Во првото коло, на 20 јули од 20 часот, Македонија игра со Велика Британија.
Најдобро пласираните две селекции од групата ќе обезбедат учество во полуфиналето на турнирот.

Само победникот на ЕХФ Шампионатот ќе се пласира на наредното Европското првенство во оваа младинска категорија.