РАКОМЕТ

Со денешниот пријателски меч (12.30 ч.) со Вардар, ракометарите на Металург ќе го имаат првиот тест пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, која за нив почнува на 6 февруари, со гостински дуел кај рускиот првак Чеховски медведи, во меч од Лигата на Европа. И двата тима во денешниот дуел ќе настапат во некомплетни состави, поради отсуството на репрезентативците од своите редови. В понеделник и во вторник металурзите ќе одиграат два контролни меча кај косовскиот тим Беса, а последниот тест во пресрет на продолжението од сезоната ќе го имаат на 29 јануари, со екипата на Тиквеш.
Според распоредот на Европската ракометна федерација, во кој се уфрлени и одложените мечеви од есенскиот дел, металурзите во февруари ќе треба да одиграат шест меча во ЛЕ. По гостинскиот меч кај Чеховски медведи, на 6 февруари, три дена подоцна Металург треба да го пречека француски Тулуз, потоа на 14 и на 16 февруари (и двата меча на гости) треба да се сретнат со полската Висла, на 20 февруари дома е средбата со Чеховски медведи, а февруарската серија треба да ја завршат на 23-ти, со гостување кај австриски Фиверс. Последниот меч од групната фаза сезонава металурзите треба да го играат дома, на 2 март, со шпански Адемар Леон.


РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИ ВО ЛЕ

Чеховски М. – Металург 6.2
Металург – Тулуз 9.2
Металург – Висла 14.2
Висла – Металург 16.2
Металург – Чеховски М. 20.2
Фиверс – Металург 23.2
Металург – Адемар Леон 2.3