Селекторот на македонската машка репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список со 35 ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2022 година. На списокот на Брестовац се најдоа 10 интернационалци и 25 ракометари од македонските клубови.
Првиот квалификациски натпревар македонските репрезентативци ќе го играат на домашен терен, на 4 ноември, против Финска, а три дена подоцна е дуелот на гости кај Швајцарија. Дел од квалификациската група 7 е и селекцијата на Данска.
Пласман на ЕП 2022 во Унгарија и во Словачка обезбедуваат двете најдобропласирани селекции од секоја група и четирите најдобри меѓу третопласираните селекции во групите.

Та.Д.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Градимир Чаневски
ЛЕВИ КРИЛА: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Давор Палевски, Цветан Кузманоски
ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Мартин Попоски, Ален Ќосевски, Мице Шилегов
ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Милан Лазаревски
БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Велко Марковски, Милорад Куковски, Дарко Георгиевски, Иван Џонов, Дејан Кукуловски, Дарко Димитриевски