Фото: Фејсбук страна на РК „Металург“

Секој клуб во својата богата историја, па и најславните, се соочувал со разни проблеми, па низ таков период извесно време поминува и Металург. Финансиските рани што му беа нанесени на Металург од претходните управи лека-полека зацелуваат. Пустошот што беше оставен во клубот од претходните управи, веќе трета година сопственикот и сегашната управа од петни жили се обидуваат да го решат. Но и оваа криза ќе биде минато, а клубот, играчите и стручниот штаб пак ќе бидат на цврсти нозе и со гордо исправено чело. Уште еднаш клубот покажа дека со тимска работа се може сѐ, и во ваков комбиниран состав на млади и искусни има свој дух, карактер, потенцијал, желба… да го даде максимумот на паркетот, физички, ментално, тактички, технички. Секогаш

ОД НАШ АГОЛ

Не е важно колку се, неважно против кого играат, неважно во која сала и пред чија публика. Ракометниот клуб од Автокоманда, Металург, кој некогаш беше страв и трепет во европската Лига на шампионите, кога ракометните гиганти како Барселона, ПСЖ, Веспрем, Киелце, Кил… стравуваа дали ќе заминат со наведнати глави и загубени бодови, и во овие тешки времиња за клубот покажа дека и во ваков комбиниран состав на млади и искусни има свој дух, карактер, потенцијал, желба… да го даде максимумот на паркетот. Секогаш.
Клубот што од својата ракометна академија, во времето на тренерот Лино Червар, создаде плејада ракометари, кои денес го носат и дресот со националниот грб, со последната победа над Пролет (31-29) на гости во домашното првенство уште еднаш покажа како треба да се бранат клупските бои и во вакви тешки времиња за него. Дупјачанец, Брестовац, Бардаковски, Петковски, Петров, Субашевски, Хорват, Рибеиро, Лазаревски, Озтурк, Митиќ и другите, предводени од тренерот Иван Марковски, потсетија на победничките времиња на сините од Автокоманда, кога се бараше билет повеќе за да се следат мечевите во претесната сала.

ПОДВИГ НА „ПРЕОСТАНАТИТЕ“

„Натпревар достоен за, еве на пример, европско или полуфинале на фајнал фор! Што може да се издвои како куриозитет, а имаше многу, на овој натпревар: двајца пикери, прв и втор во контра Петров и Лазаревски, Дупјачанец како октопод, вишок во одбраната на Металург, како ли само трчаа вечерва, Велко ни во своите ракометни кошмари не се гледал на централен бек во напад уште помалку на шестка во одбрана. Хорват постигна 12 гола. Ако во времето го фативме Червар во изјава како Македонија му била експеримент, овој пат на Марковски на клупата му требаа и експерименти и куриозитети и иновативност и чуда. Па, всушност, имаше од сѐ! Имаше нова позиција, која би звучела некако вака – ЛЕВ ПИКЕР. Во секој момент очекував во игра да настапи не со два, ами со ТРИ пикери. Маката чуда прави“, напиша меѓу другото по големата победа на Металург, порталот „Само ракомет“.
„Металург ‘воскресна’ во ‘Македонско сонце’ и, покрај финансиските проблеми, покажа карактер. Металурзите одиграа беспрекорен меч, во кој водеа од првата до последната минута. Металург од самиот почеток јасно покажа дека избраниците на Марковски се максимално мотивирани, без оглед на финансиските проблеми и штрајкот. Хорват беше главен адут на Металург и на овој натпревар со 12 гола, седум постигна Озтурк, а пет пати прецизен беше Петров“, објави на својот портал „Екипа“.

lКлубот од Автокоманда отсекогаш имал и уште го знае рецептот за спортски успех. Но неопходни му се поддршка, финансиска логистика и поттик од љубителите на спортот, бизнисот, од локалната самоуправа, од сите што имаат големо и чесно спортско срце. А Металург ќе знае да го врати тоа. Повторно цели семејства со по неколку генерации ќе итаат на трибините, ќе се дружат и ќе уживаат во спортските претстави на Металург, школите на Металург ќе бидат полни со деца и млади што ќе другаруваат, ќе се социјализираат, ќе играат ракомет, ќе го јакнат индивидуалниот и колективниот дух и ќе ги сакаат нацијата и државата и ќе се борат за неа и за нејзиниот просперитет!

„Металург не го кажал последниот збор: Џиновски триумф кај Пролет! Иако без тренинзи и еден куп проблеми, успеа да забележи нова победа во Суперлигата“. Марковски и играчите немаа тренинзи цела недела, но и покрај тоа победија кај Пролет, кој важи за еден од кандидатите за пласман во еврокуповите. Иако со само десет ракометари, плус двајца голмани, Металург победи на незгодното гостување, па овој триумф е џиновски и е рамен на чудо, стои во текстот на порталот „Гол“.
„Металург се врати на клупските обврски и на победите“. Составот од „Автокоманда“ на полувреме водеше со 16-13, а задржа најголем дел од предноста и во продолжението, објави порталот „Курир“ за триумфот на Металург, што доволно говори за сѐ.
„Металург ја почна неделата со штрајк, ја заврши со победа кај Пролет. На сите проблеми во последните денови, при што ракометарите неколку дена и не тренираа, Марковски не можеше да смета денеска, покрај на Бобан Каковски и на Португалецот Рибеиро, па натпреварот мораше да се одигра и без лево крило. На оваа позиција настапуваа главно пивотите, кои се менува, а таа игра со два пивоти даваше резултат“, пишува специјализираниот портал „24 ракомет“.
„Металург ги заборави проблемите, шок-пораз за Пролет. Ракометарите на Металург најдоа сили за момент да ги тргнат настрана финансиските проблеми со кои се соочува клубот, откако покажаа карактер и го совладаа Пролет на нивен терен со 31-29“, стои на порталот „Дриблинг“.

СЕКОЈА КРИЗА ИМА ПОЧЕТОК И КРАЈ

Секој клуб во својата богата историја, па и најславните, се соочувал со разни проблеми, па низ таков период извесно време поминува и Металург. Финансиските рани што му беа нанесени на Металург од претходните управи лека-полека зацелуваат. Пустошот што беше оставен во клубот од претходните управи, веќе трета година сопственикот и сегашната управа од петни жили се обидуваат да го решат. Но и оваа криза ќе биде минато, а клубот, играчите и стручниот штаб пак ќе бидат на цврсти нозе и со гордо исправено чело. Уште еднаш клубот покажа дека со тимската работа се може сѐ, и во ваков комбиниран состав на млади и искусни има свој дух, карактер, потенцијал, желба… да го даде максимумот на паркетот, физички, ментално, тактички, технички. Секогаш.
Клубот од Автокоманда отсекогаш имал и уште го знае рецептот за спортски успех. Но неопходни му се поддршка, финансиска логистика и поттик од љубителите на спортот, бизнисот, од локалната самоуправа, од сите што имаат големо и чесно спортско срце. А Металург ќе знае да го врати тоа. Повторно цели семејства со по неколку генерации ќе итаат на трибините, ќе се дружат и ќе уживаат во спортските претстави на Металург, школите на Металург ќе бидат полни со деца и млади што ќе другаруваат, ќе се социјализираат, ќе играат ракомет, ќе го јакнат индивидуалниот и колективниот дух и ќе ги сакаат нацијата и државата и ќе се борат за неа и за нејзиниот просперитет!