Ракометарите на Пелистер забележаа победа со 32-30 во 2-то коло од машката Суперлига, во дерби-дуелот со Пролет. Домашниот терен им даде сигурност на битолчани, кои во текот на целиот натпревар ги имаа иницијативата и контролата врз играта. Сигурна игра имаа и ракометарите на Охрид, кои дома славеа над новакот Бутел со 28-24. На победа се израдуваа и ракометарите на Прилеп, кои славеа убедливо над Борец со 33-22. За комплетирање на 2-то коло Еурофарм синоќа го пречека Радовиш, а Вардар јуниор гостуваше кај Струга.

Резултати, 2. коло: Охрид – Бутел 28-24, Пелистер – Пролет 32-30, Прилеп – Борец 33-22. Синоќа: Еурофарм – Радовиш, Струга – Вардар ј.. Идно коло: Бутел – Пелистер, Радовиш – Струга, Вардар ј. – Прилеп, Пролет – Еурофарм, Борец – Охрид.