Во Битола се е подготвено за завршницата од купот на Македонија во ракомет. Спортската сала „Младост“ токму за овој турнир доби речиси нов лик и е целосно „подмладена”. Над стариот паркет поставена е герфлор-подлога, која целосно го смени ликот на салата.

Завршницата на Купот почнува денеска со натпреварот Пелистер – Вардар, кој се игра во 16.30 часот, а во вториот натпревар се среќаваат екипите на Еурофарм Работник и на Металург.

Раководствата на Пелистер и Еурофарм Работник се погрижија за создавање на максимални услови за ракометарите и за љубителите на ракометот во Битола.

Трофејот во Купот го брани екипата на Вардар која минатата година, токму во Битола, ја совлада екипата на Еурофарм Работник.

Влезниците за полуфиналните и за финалните натпревари се пуштени во продажба по цена од 100 денари, а целиот приход ќе биде наменет за хуманитарни цели.

М.М.