Ру­си­ја, Ро­ма­ни­ја, Фран­ци­ја и Хо­лан­ди­ја се че­ти­ри­те ра­ко­мет­ни ре­пре­зен­та­ции што ја про­дол­жу­ва­ат тр­ка­та за ме­дал на 13-то Европ­ско­то пр­венс­тво (ЕП) за же­ни што се игра во Фран­ци­ја. Во бор­ба­та за ме­дал, Ру­си­ја вле­гу­ва ка­ко акту­е­лен олим­пи­ски првак, Фран­ци­ја ка­ко акту­е­лен свет­ски и олим­пи­ски ви­це­пр­вак, Хо­лан­ди­ја е европ­ски ви­це­пр­вак и брон­зе­на од пос­лед­но­то СП, до­де­ка, пак, Ро­ма­ни­ја во тр­ка­та вле­гу­ва ка­ко пет­та од пос­лед­но­то ЕП и 10-та од пос­лед­но­то СП.

За­доц­не­то­то бу­де­ње на Швед­ска и на Нор­ве­шка им до­не­се ме­сто во раз­и­гру­ва­ње­то за плас­ман на пет­та­та по­зи­ци­ја. Шве­ѓан­ки­те три­ум­фи­раа над Ру­си­ја со 39-30, а Норвешка ѝ го на­не­се пет­ти­от по­раз на Шпа­ни­ја, сла­веј­ќи со 33-26.

И по­крај ви­со­ки­от по­раз од Швед­ска, Ру­син­ки­те ја за­чу­ваа пр­ва­та по­зи­ци­ја на табелата во гру­па­та 1 и обез­бе­ди­ја плас­ман во по­лу­фи­на­ле­то, ка­де што про­тив­ник им е Рома­ни­ја. Ро­ман­ки­те, пак, во бор­ба­та за ме­дал ќе вле­зат без сво­јот нај­до­бар играч, капи­тен­ка­та Кри­сти­на Не­а­гу, ко­ја во пос­лед­ни­от ду­ел со Ун­га­ри­ја ги по­вре­ди лигаменти­те на ко­ле­но­то.

Ср­би­ја са­мо во пр­во­то по­лу­вре­ме му па­ри­ра­ше на акту­ел­ни­от свет­ски пр­вак Фран­ци­ја, кој во про­дол­же­ни­е­то од ме­чот на­га­зи за убед­ли­ва по­бе­да од 38-28. Си­гу­рен пат до по­лу­фи­на­ле­то има­ше и Хо­лан­ди­ја, ко­ја без мно­гу на­пор сла­ве­ше над Гер­ма­ни­ја со 27-21. По­лу­фи­нал­ни­те и фи­нал­ни­те ме­че­ви од ЕП ќе би­дат ди­рект­но пре­не­су­ва­ни на ТВ Тел­ма.

По­лу­фи­нал­ни двој­ки:
Ру­си­ја – Ро­ма­ни­ја утре 15.30 ч.
Хо­лан­ди­ја – Фран­ци­ја утре 21 ч.

За тре­то ме­сто не­де­ла 14 ч.
Фи­на­ле не­де­ла 17.30 ч.