Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз од Романија, овој пат во Скопје со 20-35, со што не успеа да се пласира на Светското првенство. Романките го добија и првиот меч со 33-22.

Гостинките стекнаа предност од осум гола уште на полувремето, а потоа успеаја и да ја зголемат, казнувајќи ги грешките на Македонија од контранапади.

Најпрецизни кај Македонија беа Георгиевска со 6 и Ливриниќ со 5 гола, а кај Романија се истакнаа Моиса со 8 и Пинтеа со 4 погодоци.

Освен Романија, пласман на Мундијалот преку бараж-дуелите досега обезбедија и селекциите на Русија, Чешка, Австрија, Унгарија, Германија и на Црна Гора.