фото: Дарко Андоновски

Македонската ракометна репрезентација оствари убедлива победа на контролниот натпревар за престојното Светско првенство (СП) во Германија и Данска.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес денес во првиот подготвителен натпревар за СП беа подобри од репрезентацијата на Србија во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје со резултат 37 – 31. 

Селекторот Гонзалес испроба повеќе различни варијанти, пред сѐ играта без голман (7 на 6) во нападот, но ја менуваше и формацијата во одбраната. На натреварот покрај стандардните репрезентативци, добија шанса и помладите ракометари во репрезентацијата. 

Подмладената ракомента репрезентација ја предводводеа искусните репрезентативци, па така Дејан Манасков постигна 9 погодоци, капитенот Лазаров постигна 5, а голманот Борко Ристовски оствари 8 одбрани.

Македонија на СП ќе биде дел од групата Б заедно со селекциите на актуелниот европски првак Шпанија, потоа Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин. Првиот меч на СП за нашата репрезентација е на 11 јануари во против Јапонија.