Капитенот Кирил Лазаров со новиот дрес/Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометната федерација на Македонија (РФМ), во соработка со брендот „Хумел“ и „Д-спортска опрема“, денеска го промовираа новиот дрес што ќе го носат македонските ракометари на претстојното Светско првенство (СП), под мотото „Со нов дрес во нови победи“.

– Се надевам дека со новите дресови ќе оствариме нови големи успеси и победи, со кои ќе ја израдуваме македонската ракометна нација – изјави капитенот Кирил Лазаров на промоцијата на новиот дрес. Та.Д.