КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Ракометарите на Пролет се елиминирани во првото квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа (ЛЕ), откако во двомечот со шпанскиот Гранољерс загубија со вкупен резултат 63-50. Првиот натпревар заврши со убедлива победа на Шпанците, со 36-21, а во реваншот Пролет забележа победа со 29-27.
Пласман во 2. коло на ЛЕ обезбедија и швајцарскиот шампион Кадетен, потоа Ла Риоха, Тулуз, Бенфика, ГОГ, Силкеборг, Нексе, Левен, ЦСКА Москва, Азоти Пулави и Валур, а преостанатите четири патници во второто квалификациско коло ќе бидат вкупните победници од синоќешните дуели Хостелбро – Тримо Требње (25-31 на првиот меч), Констанца – Чургу (27-23), Арендал – Горник (29-19) и Малме – Балатонфуери (25-27).
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер втора сезона по ред добива директно место во групната фаза од натпреварите од ЛЕ, која треба да почне на 19 октомври.