Новиот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на играчи за претстојниот двомеч против светскиот првак Данска, во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Во националната селекција се враќаат Дејан Манасков и Филип Миркуловски, кој ќе има двојна улога како еден од помошните тренери во стручниот штаб. Повик добија и младите Игор Ѓоргиев и Еилијан Ѓорговски од Голден Арт КЛ7.

Собирот на репрезентатицијата е закажан за 6 март во Скопје. Македонија ја пречека Данска во „Борис Трајковски“ на 11 март, а реваншот во Алборг е предвиден три дена подоцна.