Ракометарите на Прилеп го направија најголемото изненадување во мечевите од 5-то коло од Суперлигата за мажи, во кое на гостински терен ја изненадија Струга. Тимот на Андон Бошковски во завршницата од мечот имаше голема предност (23 -15), но прилепчани предводени од одличниот Александар Бозароски (девет гола) успеаjа да направат пресврт со серија од 8-0, за конечни 23-23.

По системот на Прилеп – Струга, победа забележа и Пелистер, но добро се измачи на гостувањето кај Вардар јуниор. По водството на Вардар од 25-22, пелистерци направија серија од 9-1 (26-31), ја презедоа играта, за на крајот да забележат победа од 34-30. Триумф забележа и Охрид, кој на гостувањето во Радовиш славеше со 28-22. Синоќа новајлијата Бутел го пречека лидерот Еурофарм, а мечот меѓу Борец и Пролет е одложен поради настапот на Пролет во 2-то коло од Купот на ЕХФ.