Продолжува победничката серија на ракометарите на Вардар во годинашната Лига на шампионите (ЛШ), откако вечерва во рамките на 3. коло, во унгарскиот град Веспрем го совладаа истоимениот унгарски првак Веспрем со 27-25, со што ја задржаа лидерската позиција во групата А со мaксимални шест бода.

Успехот е уште поголем, ако се знае фактот дека ова е прва победа на црвено-црните против силниот ривал во ова најеминентно клупско натпреварување. За Унгарците во чии редови има 16 интернационалци, ова е втор пораз во ЛШ и моментно имаат два бода. Со оваа победа европскиот првак од 2017 година, но сега под водство на новиот тренер Роберто Парондо, потврди дека и годимава ќе атакуваат на првото моесто во својата група, а потоа и на завршниот фајналфор во Келн иако во предониот период го нпуштија неколку квалитетни ракометари.

Вардар го доби првото полувреме со 13-11, иако на двапати имаше предност дури од пет гола, 1-6, а потоа и 12-7. Сепак домаќинот успеа на крајот од првот дел да ја намали негативата на подносливи два гола.

Вториот дел донесе повеќе возбудување. Веспрем прво успеа да израмни на 14-14, а потоа и да поведе со 16-14, но Вардар не ни помислуваше да се предаде, па при еднакви 19-19 се влезе во последната четвртина од средбата пред 5.000-та бучна бублика. Следеше неизвесна завршница во која Вардар подобро се снајде. На 120 секунди до крајот, вардарци имаа два гола предност 26-24, а последната шанса на Веспрем да стори нешто. не ја искорист бекот Ласло Наѓ, чии удар го одбрани голманот на скопјани Дејан Милосављев, кој имаше вкупно 12 одбрани.

Најефикасни кај црвено-црните беа Тимур Дибиров со шест гола, Вуко Борозан постигна пет, Даинис Кристопанс и Иван Чупиќ по четири. Кај Веспрем најпрецизен беше Драган Гајич со пет погодоци, а македонскиот интернационалец Дејан Манасков даде три.

Во следното 4-то коло (во сабота), во Скопје ќе гостува бундеслигашот Левен.

Г.И.