Вечерва играат Норвешка – Австрија, како и Шведска и Шпанија, во реприза на финалето на ЕП 2018, кое Шпанија го доби со 29-23

Денеска почнува новото натпреварување на Европската ракометна федерација (ЕХФ) – Европскиот куп 2020. Во натпреварувањето учествуваат четири репрезентации, тројцата организатори на Европското првенство (ЕП) во 2020 година, Австрија, Норвешка и Шведска, како и актуелниот континентален првак Шпанија. Тие не учествуваат во квалификациите за ЕП што почнуваат неделава.

Четирите селекции ќе се соочат дома и на гости, паралелно со квалификациските натпревари. Вечерва од 18.15 часот играат Норвешка – Австрија. Норвешка ќе го одигра натпреварот без двајца клучни играчи, пикерот Бјарт Мирхол и десното крило Кристијан Бјорнсен, кои се повредени. На Австрија ѝ недостига една од најголемите ѕвезди, крилото Раул Сантос, кој е заменет со Јулијан Пратшнер. Двете репрезентации ќе играат меѓу себе и на Светското првенство во јануари во Данска и во Германија.

Од 19.15 часот ќе се сретнат Шведска и Шпанија, во реприза на финалето на ЕП 2018, кое Шпанија го доби со 29-23. Се очекуваше Ким Екадал ду Риц да се врати во селекцијата на Шведска за натпреварот, но тој е повреден. Шпанскиот селектор Жорди Рибера нема да може да смета на дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Виран Морос, поради повреда, а на негово место го повика Гидеон Гвардиола од Левен.
Викендов се и мечевите Австрија – Шведска и Шпанија – Норвешка, а натпреварувањето потоа продолжува во ноември.