Тажна вест утрово ја потресе ракометна Македонија. На 38-годишна возраст, од непознати причини, почина поранешната репрезентативка, Јулија Николиќ (порано Портјанко).

Николиќ во Македонија пристигна во 2003 година во Кометал Ѓорче Петров. Дресот на Кометал го носеше шест години, а потоа играше за Ушкудур, Арвор и Звезда Звенигород. Во Македонија се врати во 2013 година и последните две години во кариерата ги помина во Вардар.

Николиќ настапуваше и за македонската репрезентација. Последен пат дресот на Македонија го носеше на Европското првенство во 2012 година.