Марјан Велевски од Сен Рафаел специјално за „Нова Македонија“

Екипата на Металург го доживеа третиот пораз во петтиот натпревар од подготовките во Франција. Екипата на Сен Рафаел се покажа како „негостољубив“ домаќин и славеше со резултат 35:31.

Натпреварот беше изедначен во првото полувреме, но во второто домашните брзо, во привите три минути, остварија водство што беше недостижно за ракометарите од Автокоманда. Иако двете екипи водеа изедначена борба до самиот крај на натпреварот, екипата на Сен Рафел оствари победа. 

Најефикасни кај Металург беа Александар Шпенде со 8, Миличевиќ со 7 и Токиќ со 5 голови. 

Очигледен беше недостигот на 3-цата репрезентативци Танковски, Серафимов и Лазаревски, но и на повредените Димитриоски и Велковски, со што не можеше да се добие реална слика за квалитетите на Металург. 

Во секој случај, оваа туренја беше многу корисна за нашиот претстаавник во Лигата на шампионите, каде вкупно беа остварени две победи и освоен беше турнирот во Гренобл, а на останатите 3 средби доживеани се порази.