Фото: Илустрација

Македонската ракометна репрезентација загуби од Русија со 27-32 во контролниот натпревар од затворен карактер, одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“.

Избраниците на Раул Гонзалез имале водство од 19-15 по првото полувреме, но гостите направиле пресврт во вториот дел.

Капитенот Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов добија поштеда на оваа средба, додека во игра не влегоа ниту Борко Ристовски, Никола Митревски и Гоце Георгиевски, со што прилика добија помладите играчи, меѓу кои и најмладиот Мартин Серафимов.

Натпреварот беше одигран во рамките на подготовките за квалификацискиот бараж-двомеч со Романија, за пласман на Светското првенство во 2019 година.