Пионерите на Вардар и пионерките на Металург се државни ракометни шампиони за сезоната 2017/2018, откако завршија како победници на фајналфор-турнирите одиграни викендов во спортскиот центар „Кале“ во Скопје и во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола. Во финалните мечеви, пионерите на Вардар го победија Аеродром со 27-20, а пионерките на Металург беа подобри од Пелистер со 22-13.
Во натпреварите за третите места пионерите на Тиквеш Кавадарци ги победија КЛ-7 Струга со 23-21, а кај девојките во пенал-рулет поуспешна беше екипата на Делчево-Вардар во дуелот со Куманово 24-22 (19-19).

Леонид Киселовски од Аеродром беше избран за најдобар ракометар на финалниот турнир, а Леонид Чорогулов од Вардар го освои признанието за најдобар голман. За најдобра ракометарка кај пионерките беше избрана Ангела Јанкуловска од Пелистер, а Елена Поповска од Металург е прогласена за најдобра голманка.