Селекторот на кадетската и на пионерската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, ги објави ракометарите за подготовки во рамките на претстојната недела на Европската ракометна федерација (ЕХФ), од 22 до 28 октомври. Кадетите ќе тренираат под водство на Брестовац, а пионерите, кои ќе ги предводи неговиот помошник Никола Матлиески на 28 октомври ќе учествуваат на мини-турнир во Кањижа (Србија), со Србија и со Унгарија.

Кадети: голмани: Кизиќ, Петковски (Вардар), Василевски (Металург). Крила: Гајиќ (Металург), Божиновски (Бутел), Костески (Струга), Гучевски, Стојков (КЛ 7) Ќосевски (Вардар). Бекови: Ѓеоргиев, Атанасовски (Вардар), Џигеровски (КЛ 7), Каковски (Еурофарм), Серафимов, Меловски (Металург), Ивановски (Охрид), Витанов (Тиквеш), Николов (Металург јуниор). Пикери: Митиќ (Металург), Симоновски, (КЛ 7), Даев (Пролет), Тодоров (Металург јуниор).

Пионери: Голмани: Ацевски (Металург) Чорогунов (Вардар). Крила: Димитриевски, Мишевски, Калајџиевски (Вардар), Додевски (Шампион), Димовски (Тиквеш) Трајкоски (Прилеп). Бекови: Тодески, Прентоски (Металург 2), Ѓоргоски (КЛ 7), Илиески (Прилеп), Чакалиќ, Груевски, Савревски, (Вардар), Омерагиќ, Киселоски, Митев (Аеродром). Пикери: Христовски (КЛ 7), Манчески (Макалоски), Стојчевиќ (Аеродром), Мелоски (Металург 2).