Ракометарите на Пик Сегед го направија најголемо изненадување во 1. коло од Лигата на шампиони (ЛШ), надигрувајќи го фаворизираниот шпански гигант Барселона, со 31-28 (18-11). Предводени од Шпанецот Хорхе Македа (седум гола) и српското десно крило Богдан Радивојевиќ (шест), Унгарците наметнаа фуриозно темпо уште од самиот почеток на натпреварот и успеаја во целост да ја неутрализираат играта на шпанскиот состав, кој 60 минути беше во подредена позиција.

Изненадување е и победата на Порто во дуелот со Мешков Брест (27-25) ако се знае фактот дека Белорусите по 30 минути доминантна игра имаа предност од шест гола (15-9). Работите во целост се сменија во второто полувреме. Понесени од високата предност на полувремето, ракометарите на Мешков како да заборавија да играат, па Португалците за 17 минути стигнаа до изедначување, 20-20, а во 53-та минута имаа предност од три гола, која рутински ја одржаа до крајот за победнички старт на сезоната.

Пораз на домашен терен во 1. коло од ЛШ му се случи на словачкиот првак Татран, кој беше поразен од вториот шпански претставник Бидасоа Ирун (23-25). Победнички сезоната ја започна и рускиот првак Чеховски медведи, кој славеше во дуелот со полскиот вицепрвак Висла Плок (25-23), а лесна задача имаше ѕвездениот состав на Раул Гонзалес, ПСЖ, кој на гости кај Загреб славеше со (29-37). 


ДВОЈКИ 1. КОЛО
ГРУПА А
Сегед – Барселона 31-28
Загреб – ПСЖ 29-37
Целје – Фленсбург вчера
Елверум – Алборг вчера
ГРУПА Б
Монпелје – Вардар 31-33
Порто – Мешков 27-25
Веспрем – Мотор вчера
Кил – Киелце вчера
ГРУПА Ц
Кокс – Савехов 25-30
Татран – Бидасоа 25-23
Еурофарм – Спортинг вчера
ГРУПА Д
Кадетен – Динамо 28-28
Чеховски – Висла 25-23.
Кристијанстад – Гог вчера