Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо по победата над европскиот ракометен шампион Монпелје на гости го изрази своето задоволство од играта на тимот, откако изјави дека е горд на постигнатиот резултат.

„Црвено-црните“ забележаа победа од 24:27 во првото коло од новата сезона на Лигата на шампионите.

– Горд сум на ракометарите, кои остварија одличен резултат. Многу е тешко да се игра во Монпелје и да се дојде до победа. Игравме против актуелниот првак и стартувавме со триумф. Се браневме многу добро, голманот исто така имаше извонреден натпревар. Не е лесно да се игра со толку нови играчи, но успеавме да победиме еден од најдобрите тимови во Европа“- изјави Парондо на пресот по мечот.

Следниот противник во рамките на Лигата на шампионите ќе биде Кристијанштад, кој гостува на 22.септември, во СЦ „Јане Сандански“.