Женската ракометна репрезентацијата на Македонија оствари втора победа во контролните средби со Италија, откако денеска триумфира со 29:21 (17:12) во рамки на ЕХФ-неделата.

По вчерашната победа во Скопје со 26:23, ракометарките на Симе Симовски денеска покажаа уште подобра игра и рутински дојдоа до победата.

Најефикасна во нашиот состав беше Сара Ристовска со седум гола.

Сениорките на програма имаат уште еден пријателски меч, и тоа против младинската селекција на Македонија, кој е закажан утре од 16:00 часот.

Потсетуваме, „црвено-жолтите“ во претквалификациите за СП 2019, што ќе се одржи во јапонскиот град Кумамото од 29 ноември до 15 декември, е во група со Исланд, Турција и Азербејџан.