Најмладиот тим сезонава во Лигата на шампионите (ЛШ), шведскиот првак Савехов, славеше победа на гостувањето кај највозрасниот состав во ЛШ, финскиот првак Кокс со 30-25 во 1-то коло од ЛШ. Предводени од расположениот лев бек Вилијам Богојевиќ (осум гола) младите Швеѓани уште од самиот почеток на мечот ја презедоа иницијативата, па искусниот интернационален состав на Кокс немаше решение за полетната и разиграна екипа на гостите.

Синоќа меч од 1-то коло во групата Д, играа швајцарскиот Кадетен и романскиот Динамо, а утре и задутре ќе се одиграат и преостанатите 12 натпревари во групите А, Б, Ц и Д. Македонскиот и европски првак Вардар со утрешното гостување (17.15 ч. пренос на МТВ) кај францускиот вицепрвак Монпелје ќе ја почне одбраната на титулата, а Еурофарм Работник своето деби во ЛШ ќе го има задутре (од 17 ч.) дома со португалскиот вицепрвак Спортинг.


ДВОЈКИ 1. КОЛО

Кокс – Савехов 25-30
Кадетен – Динамо синоќа

УТРЕ
Чеховски – Висла 16 ч.
Сегед – Барселона 17 ч.
Монпелје – Вардар 17.15 ч.
Татран – Бидасоа 18 ч.
Порто – Мешков 18.30 ч.
Загреб – ПСЖ 20 ч.

ЗАДУТРЕ
Целје – Фленсбург 17 ч.
Веспрем – Мотор 17 ч.
Еурофарм – Спортинг 17 ч.
Кристијанстад – Гог 17 ч.
Кил – Киелце 19 ч.
Елверум – Алборг 19 ч.