Поранешниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски, на денешната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), даде предлог во тимот на селекторот да има задолжително и еден македонски тренер.

Според Мојсовски, кој сега е член на Управниот одбор, нашите ракометни стручњаци би стекнале искуство и би можеле да учат од врвни ракометни тренери.

– Раул Гонзалес е врвен тренер и мојот предлог е да биде приклучен кон него македонски тренер како помошник во репрезентацијата. Така нашите тренери би можеле да научат многу работи и стекнат искуство за да го подигнат нивото, истакна Мојсовски.

Оваа иницијатива на поранешниот репрезентативец наиде на првично одобрување.