Светската ракометна федерација (ИХФ) на својата официјална страница ја претстави топката со која ќе се играат натпреварите на 24-то Светско првенство (СП) за жени во Јапонија (30 ноември – 15 декември). Ова ќе биде трето женско првенство во низа откако реномираната јапонска фирма „Молтен“ е официјален партнер на ИХФ и со чии топки се играат натпреварите на континенталните натпреварувања.

За претстојното првенство, „Молтен“ ја дизајнира топката во знак на боите на националното знаме на Јапонија, црвено-бела, а првите примероци од официјалната топка и репликите ќе бидат пуштени во продажба кон крајот на јуни годинава.
„Молтен – X5000“ е направена од премиум покривен материјал, кој одлично прилега на дланката, ги подобрува контролата и прецизноста, што ја прави идеален избор за мечеви од највисоко ниво.