фото Дарко Андоновски

Машката младинска репрезентација убедливо ги совлада ракометарите на Велика Британија со 32:15 и со победа го почна ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што ќе се игра од денеска до 29 јули во Скопје.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац ја потврдија фаворитската улога и по победата над британските ракометари ги освоија првите поени, по што следуваат натпреварите со останатите репрезентации од групата Б – Италија, Швајцарија и со Украина.

фото Дарко Андоновски

Претходно на првиот натпревар од оваа група Швајцарија со 28:25 ја совлада Украина.

Македонија вториот натпревар ќе игра против Италија на 23 јули.

фото Дарко Андоновски

На ЕХФ шампионатот во Скопје настапуваат 11 репрезентации поделени во две групи. Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Велика Британија, Италија, Швајцарија и со Украина. Во групата А се репрезентациите на Белорусија, Фарски Острови, Финска, Грција, Естонија и Литванија.

Најдобропласираните две репрезентации од секоја група ќе вкрстат во полуфиналните средби што ќе се играат на 28 јули, додека останатите селекции ќе разигруваат за пониските места на турнирот.

фото Дарко Андоновски

Финалето, натпреварот за третото место и сите останати натпревари за пласман се играат на 29 јули.

Победникот на ЕХФ шампионатот обезбедува пласман на младинското Европското првенство наредната година.

фото Дарко Андоновски
фото Дарко Андоновски
фото Дарко Андоновски