Милан Лазаревски се враќа во ракометниот национален тим, тој е меѓу ракометарите кои се повикани на собирот на сениорската репрезентација на Македонија кој е закажан за недела во 12 часот.  

Се работи за пивотот на РК Металург, кој за својата позиција ќе биде во конкуренција заедно со Пешевски и Аларов.

Лазаревски ќе има можност да забележи нов настап и тоа против селекцијата на Чиле против која дебитираше во 2019 година за сениорската репрезентација и тоа на Мундијалот кој се одржа во Германија и во Данска.

Ова е нова шанса за Лазаревски да се наметне со своите игри за место во репрезентацијата и можеби стандардна позиција меѓу пивотите кои се дел од националниот тим. Тука постојано се Стоилов, Маркоски и Пешевски, но факт е дека Брестовац се обидува да внесе нови момци и веројатно тука е шансата за Лазаревски да си го најде своето место и во сениорската селекција.