Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пивотот Милан Лазаревски ја обнови соработката со Металург за уште една сезона, со што ракометниот клуб од Автокоманда продолжува го формира составот за претстојната сезона.

Претходно договорите ги продолжија искусниот крилен ракометар Златко Хорват и голманот Даниел Дупјачанец, а во Автокоманда стигнаа пивотот Костадин Петров и француските бекови Кевин и Оливие Њокас.

Металург ќе ја претставува Македонија во Лигата на Европа во престројната сезона, заедно со Пролет и со Еурофарм Пелистер.