Ракометарите на Металург беа на прагот да направат сензација во велигденското дерби против Вардар во 5-то коло од плејофoт, но не издржаа докрај. Во борбен натпревар против градскиот ривал, Металург загуби со минимални 31-32 (18-15).
Очекувањата беа дека Вардар лесно ќе победи, но Металург одлично му парираше на составот на Роберто Герсија Парондо, кој ги одмораше Тимур Дибиров, Дијанис Кристопанс, Стас Скубе и Рожерио Фереира Мораеш.

Вардар поведе со 7-3, но Металург не подлегна на притисокот, со одлична серија израмни на 8-8 и на полувремето замина со предност од три гола. Во второто полувреме двата тима се менуваа во водство, а на две минути до крајот металурзите имаа предност од 31-30, која не успеаја да ја зачуваат. Вардар ги искористи двата неискористени напада на Металург и победи.

Десното крило на Металург, Мице Шилегов, и десниот бек на Вардар, Димитри Кисељев ,беа најефикасни со по осум гола.