Ракометарите на Металург 2 денес и утре во салата „Билјанини Извори“ во Охрид ќе бидат дел од завршниот фајналфор-турнир во Младинскатa лига на Македонија, каде што покрај тоа што ќе ја имаат улогата на бранител на титулата, ќе се обидат да стигнат и до нова, а четвртата во низа – младински првак на Македонија.

Во борбата за годинашната титула, покрај Металург 2, место обезбедија и домаќинот Охрид, КЛ-7 и екипата на Струга. Металург 2 и Охрид завршија како првопласирани во групите 1 и 2 во групната фаза, па во полуфиналните дуели ќе вкрстат со второпласираните екипи.

Во првиот полуфинален дуел (денеска, 17 ч), Металург 2 ќе се сретне со Струга, додека, пак, во вториот полуфинален меч (19 ч.) ќе игра Охрид со КЛ-7.
Победниците од двата натпревара ќе се сретнат во утрешното финале (17.30 ч.), а поразените ќе разигруваат за трето место (15.30 ч).


Денес
Струга – Металург 2 17 ч.
Охрид – КЛ-7 19 ч.
Утре:
Меч за трето место 15.30 ч.
Финале 17.30 ч.