Фото: Маја Јаневска-Илиева

Металург ќе игра против хрватска Спачва од Винковци, а Бутел против унгарски Ѓенѓеш во првото квалификациско коло за ракометната Лига Европа. Ова е резултат на денешната ждрепка влечена во Виена.

Металург е домаќин на првиот меч, додека Бутел ќе гостува на првиот дуел. Првите натпревари се закажани за 29 или 30 септември, а реваншите ќе се играат седум дена подоцна. Доколку Металург и Бутел ги поминат ривалите ги очекува уште едно квалификациско коло до групата фаза на новоформираното натпреварување.

Третиот македонски претставник во Лига Европа, Еурофарм Пелистер, обезбеди директно учество во групната фаза.