Фото: Игор Бансколиев

Ра­ко­ме­три­те на Ме­та­лург попладнево ја поч­наа вто­ра­та фа­за од под­го­то­вки­те за но­ва­та се­зо­на, при што тре­ни­ра­а во гру­пи до по пет игра­чи, ка­ко што пред­ви­ду­ва протоко­лот за тре­ни­ра­ње во са­ла кој го под­го­тви Ра­ко­мет­на­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја (РФМ). Спо­ред пре­по­ра­ки­те, во оваа фа­за од под­го­то­вки­те ме­та­лур­зи­те ќе ја кори­стат са­мо сала­та, но не и соб­ле­ку­вал­ни­те. Во са­ла­та игра­чи­те ќе одат под­го­тве­ни за тре­нинг, а по тре­нин­гот се­кој ќе си за­ми­не до­ма. Во са­ла­та ќе би­де за­бра­нет пристап за над­во­реш­ни ли­ца.

Тре­не­рот Зо­ран Кастра­то­виќ на со­би­рот ги има­ше на рас­по­ла­га­ње са­мо до­маш­ни­те рако­ме­та­ри, а во комп­ле­тен со­став за­ед­но со ин­тер­на­ци­о­нал­ци­те Ме­та­лург ќе трени­ра во те­кот на на­ред­на­та не­де­ла.

Ме­та­лург ќе тре­ни­ра во Скоп­је до 30 ју­ли, а по­тоа ќе за­ми­не за Ма­вро­во ка­де што до 11 август ќе ра­бо­ти на тех­нич­ко-та­ктич­ка под­го­то­вка на еки­па­та, по што ќе сле­ду­ва настап на тур­ни­рот во Стру­га. На 28 ју­ли ти­мот ќе го доз­нае про­тив­ни­кот во 1. ко­ло од ква­ли­фи­ка­ци­и­те за Ли­га Евро­па. Сезона­та во Суперли­га­та тре­ба да поч­не на 12-13 септем­ври.