Ракометарите на Металург ја забележаа втората победа во Регионалната лига (РЛ), откако вечерва го совладаа Извиѓач со 31-30 во последниот меч за годинава.

Во вториот дел Металург имаше период од речиси седум минути без реализација, што Извиѓач го искористи за да поведе со 30-28. Тогаш тимот од Автокоманда направи серија од 3-0 за на крајот да се радува на победата.

Александар Шпенде го постигна голот вреден победа од пенал, откако времето на семафорот веќе беше истечено.

Најдобри стрелци кај металурзите беа Мице Шилегов и Шпенде со по девет голови, додека кај Извиѓач се истакна Домагој Алиловиќ со осум погодоци.

Тимот по оваа победа останува на претпоследното место во пласманот со 7 бода во регионалното натпреварување.

Следниот меч во РЛ, Металург го игра против ППД Загреб на 2. февруари в година.