Ме­та­лург де­не­ска ќе из­ле­зе од ка­ран­ти­нот во кој ги по­ми­на прет­ход­ни­те 14 де­на поради ко­вид-19 и се­га му прет­стои ви­стин­ски ра­ко­ме­тен ма­ра­тон. Во след­ни­те де­се­ти­на де­на ти­мот од Авто­ко­ман­да ќе тре­ба да оди­гра се­дум сред­би, шест во ма­ке­дон­ска­та Супер­ли­га и еден во Ли­га Евро­па (ЛЕ).

– Ко­ро­на­ви­ру­сот ни на­пра­ви се­ри­оз­ни преч­ки во нат­пре­ва­ру­вач­ки­от ка­лен­дар се­зо­на­ва, та­ка што се­га по дво­не­де­лен ка­ран­тин ќе се вра­ти­ме на те­рен и во пер­и­од од 10 де­на ќе оди­гра­ме шест ме­ча од до­маш­но­то пр­венс­тво и еден меч од Ли­га на Евро­па. Факт е де­ка ќе би­де те­шко си­те нат­пре­ва­ри да се оди­гра­ат на по­са­ку­ва­но­то ни­во, но без раз­ли­ка на сѐ, ќе се по­тру­ди­ме со ком­би­на­ции и со ро­та­ции на игра­чи­те да ги за­чу­ва­ме све­жи­на­та и енер­ги­ја­та и се­кој меч да го оди­гра­ме нај­до­бро што мо­же­ме – ве­ли тре­не­рот на Металург, Оли­вер Ди­ми­три­о­ски.

Ве­чер­ва на про­гра­ма­та е ду­е­лот во 7-то ко­ло од до­маш­но­то пр­венс­тво на го­сти кај екипа­та на Бу­тел. Ме­та­лург в пе­ток (16 ч.) тре­ба да го­сту­ва кај Еу­ро­фарм Пе­ли­стер (осмо ко­ло), в не­де­ла (17 ч.) е ду­е­лот со Ра­бот­нич­ки (11. ко­ло), во втор­ник (18.45 ч.) во СЦ „Бо­рис Трај­ков­ски“ со Фи­верс, во че­твр­то­то ко­ло во Ли­га Евро­па. Ид­на­та сре­да е ду­е­лот во Скоп­је со Мла­дост Бог­дан­ци (12. ко­ло), на 25 де­кем­ври на го­сти со Ти­квеш (13. ко­ло), а се­ри­ја­та нат­пре­ва­ри тре­ба да за­вр­ши на 27 де­кем­ври со сред­ба­та до­ма со Бу­тел (14. ко­ло). Г.И.