Марио Танкоски во акција

Со победата на Металург на гости кај Струга со 29-24 (14-15) почна пролетниот дел од сезоната во машката ракометна Суперлига. Металурзите грчевито го почнаа мечот, но како што одминуваа минутите во второто полувреме избраниците на тренерот Зоран Кастратовиќ резултатски се издвоија. Најефикасни во победата на Металург беа левото крило Милан Поповиќ и бекот Марио Танкоски, кои постигнаа по пет гола, а четири пати во листата на стрелците се запиша десниот бек Мартин Серафимов.
Во следното коло лидерот на табелата Металург ќе го пречека вториот тим на Еурофарм Пелистер.

На три кола до крајот на Суперлигата ракометарите на Пролет си го осигурија пласманот во доигрувањето во домашното првенство, откако на гостински терен славеа со 33-20, на мечот со Радовиш. Значајна победа во 15-то коло забележа Еурофарм Пелистер 2, совладувајќи го составот на Работнички со 33-17. Натпреварот Охрид – Бутел е одложен за в среда (19 ч.). 


РЕЗУЛТАТИ, 15. КОЛО
Струга – Металург 24-29
Радовиш – Пролет 20-33
Е.Пелистер 2 – Работнички 33-17
Вардар Ј – Металург 2 24-23
Охрид – Бутел среда, 19 ч.

ТАБЕЛА
Металург 15 13 2 0 41
Охрид 14 12 1 1 37
Пролет 15 10 2 3 32
Бутел 14 10 1 3 31
Радовиш 15 7 1 7 22
Вардар Ј. 15 7 0 8 21
Е.Пелистер 15 5 2 8 17
Металург 2 15 2 1 1 2 7
Струга 15 1 1 13 4
Работнички 15 1 1 13 4

Идно коло: Металург – Еурофарм Пелистер, Металург 2 – Бутел, Пролет – Вардар Ј., Работнички – Радовиш, Охрид – Струга.